Черепот на богатството  

Глобален настан во световите на Империја Оналјн. Повеќе информација за глобалните настани може да прочитате овде.

Чест  

Статистика што го покажува военото однесување на секој играч според тоа дали води чесни битки и дали се бори на цивилизиран начин. Чест се освојува во битки со активни играчи, но само ако се исполнети условите: загуба на најмалку 10% од составот на сопствената војска и ако нападот е во дозволениот опсег x2. Сите играчи дневно добиваат +2 поени Чест, а Офицерите-Дипломати +1 дополнителен поен Чест секој ден. Чест се губи при грабежи, напади надвор од опсег и повлекување војска после 15 или повеќе минути од испраќањето на нападот. Позитивната и негативната Чест влијаат на моралот и задоволството во империјата.

Напомена! Одземањето Чест заради грабеж се прави после крајот на битката и затоа се покажува во извештајот од битката. Одземањето Чест заради напаѓање надвор од опсег се прави веднаш кога е испратен нападот, затоа никогаш не се покажува во извештајот од битката, но Чест се одзема секогаш, независно дали нападот бил повлечен.

За повеќе информација околу Честа, кликнете овде.

Чин (Воен чин)  

Воени титули доделени на играчите со одредено количество воени поени. Чинот се гледа во профилите на играчите и во рангирањето.

За повеќе информација околу Воените чинови кликнете овде.

Чување војска  

Испраќање на војската на далечна мисија до напуштена империја (препорачано), сопствена далечна колонија (пак препорачано) или до Империја од активен играч или изоставена Империја, за периодот додека планирате да бидете офлајн, со цел да ја поштедите от непосакувани непријателски напади, додека не сте тука. Пред да се одјавите од играта, испратете ја војската да патува за истото време додека планирате да сте офлајн, пресметувајќи го времето потребно и за двете насоко. На овој начин нема да потрошите дополнително злато за издржување војска на мисија. Ако во својата Империја имате големо количество ресурси кои не сте во можност да ги потрошите одеднаш и не сакате да ризикувате да ги оставите незаштитени, а сте сигурни дека никој не може да ја совлада Вашата војска, соберете ги сите ресурси во престолнината и оставете ја војската во неа.
Во Империја Онлајн постои и специјална опција наречена Обиколка која Ви овозможува да ја испратите војската за определено време без да биде потребно да избирате одредена цел.

Чување профил  

Легална помош од пријател во Вашиот економски развој, без да има потреба да откриете својата лозинка или било каква лична информација, без ризик да бидете казнети од администрацијата на Империја Онлајн.

За повеќе информација околу чувањето профили, кликнете овде.

Чувар на тврдина  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ги зголемува Животните поени на Тврдината. Ниво 1: +4% животни поени; Ниво 2: +6% животни поени; Ниво 3: +10% животни поени; Ниво 4: +14% животни поени; Ниво 5: +20% животни поени

Чуда  

18 специјални градби што можат да бидат изградени од сите играчи кои веќе достигнале 25-то ниво Архитектура. За повеќе информација кликнете овде.